Се застрелал во глава додека се фотографирал за Фејсбук
21 - годишниот Оскар Отеро Агилар од Мексико, се застрелал додека се фотографирал за Фејсбук. Тој глумел "опасен тип" и правел селфи позирајќи со пиштол, пренесува Телеграф.
Но пиштолот бил наполнет и несакајќи пукнал.
- Слушнав истрел и веднаш потоа некој викаше помош. Повикав полиција. Кога дојдоа момчето уште беше живо, изјави комшијата на настраданиот.
За жал, Агилар починал на пат кон болницата.
04.08.2014 - 13:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа