Уапсени родителите на Тони Цетински - пејачот се огласи на Фејсбук

Некогаш познатиот пејач Мирко Цетински и неговата сопруга, поранешна заменичка на министерот за туризам, повторно се уапсени и треба да бидат предадени на затворскиот началник во Ријека. Родителите на Тони Цетински, како што пренесуваат хрватските медиуми, се најдоа на удар на инспекторите поради сомнеж дека со помош на двајца службеници од даночната управа во Ријека се обиделе да лажираат даночни пријави.

Случајот е во надлежност на полицијата, а сите четири осомничени ќе бидат испрашани во Одделот за корупција и организиран криминал.

Тони Цетински за настанот се огласи преку Фејсбук: - Повеќе од три години секојдневено и макотрпно истражување немаат никакви докази па сега очајно повторно се сомневаат. Суштината е дека треба да се оправдаат сите потрошени пари за потребите на истрагата, а нема докази. Ова што се случува само покажува дека моите родители во истрагата успешно го докажале потеклото на нивниот имот, кој го стекнале со долгогодишна успешна работа. Тоа пак овие од истражувањето не можат да го прифатат па сега мислат на овој начин да го поништат вештачењето. За жал живееме во корумпирано општество во кое владеат пирани и однапред се осудуваат луѓе без какви било докази. Ова само зборува колку е влијателен Кончар и неговиот адвокатски тим во оваа истрага, а тоа е она што не можам да опишам колку ме плаши. Сакаат да ги менуваат фактите со своите пари и влијанието, а во меѓувреме го уништуваат здравјето и репутацијата на моите родители и комплетното семејство. Не ги мразам ниту Кончар, ниту Нобил ниту Цариќ, а ниту останатите газољубци од удбашкиот блок, ниту пак не се плашам од нив. Со чист образ можам да речам: На секого според заслугата. Ми останува да се молам и да верувам во вистината и правичното судство. Хммммм, можеби сум наивен, но верувам. Им благодарам на сите за поддршката во овие најтешки мигови за мене и моето семејство“, порача Тони без влакно на јазик.

30.07.2014 - 12:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега