Одбележан еден милениум од битката на Беласица
Со полагање букети цвеќе на спомен-обележјето на месноста Пирго, кај селото Мокриево, општина Ново Село, денеска им беше оддадена почит на загинатите и ослепени војници на македонскиот цар Самуил, кои пред илјада години беа поразени од византијскиот император Василиј Втори.
По тој повод градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков во обраќањето се осврна на историскиот момент и значењето на битката на Беласица во националната историја на Македонија.
- Битката на Беласица, која на 29 јули 1014 година се одиграла на овие простори е една од најголемите битки во македонската историја,водени за освојување на македонската териоторија. По еден милениум го чествуваме овој настан во кој биле ослепени 14 илјади самоилови војници. Ние никогаш нема да го заборавиме споменот на овој настан. Ние простуваме но никогаш не забораваме, рече градоначалникот Велков.
На денешниот народен собир на месноста Пирго,се одржа богата програма на која со изведба на македонски родолубиви песни и воени маршеви се претстави Воениот оркестар на АРМ, а баталјонот за почести изведе егзицир од воени вежби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа