Лекарите во Велес плачеле: Потресни детали за сообраќајката во која загина 8 месечно бебе пред Гевгелија
Лекарите во Велес не можеле да ги скријат солзите кога констатирале дека за 8 месечниот Андрија нема спас. Српските медиуми пренесуваат детали по вчерашната страшна сообраќајка на патот Демир Капија - Удово,во која загина 8 месечно бебе а уште 4 лица се тешко повредени од кои двајца се во критична состојба. Меѓу нив има уште едно дете.
Марија и Драган, заедно со своето бебе Андрија живеелево Швајцарија. Тие ова лето дошле во родната Чуприја и заедно со братот на Драган, Никола, тргнале на одмор во Паралија, Грција. Несреќата ги запре во Македонија.
29.07.2014 - 09:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа