Попоски: Би можеле да имаме идеални билатерални односи со Бугарија

 

Македонија и Бугарија имаат основа за одлични и идеални билатерални односи, оцени денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Шефот на македонската дипломатија го поздрави гестот што 24 часа по стапувањето на функцијаta неговиот бугарски колега Кристијан Вигенин одлучи да дојде во Македонија и да биде дел од формалниот министерски состанок на ПСЈИЕ.

- Мојата оценка е дека имаме одлична основа да имаме навистина одлични и идеални билатерални односи со Република Бугарија како актуелен член на ЕУ и НАТО, и ние како земја кандидат за двете семејства. Се надеваме дека час покоро ќе бидеме дел од тоа, рече Попоски.

ФОТО: Влада

најчитано сега