Законски измени: Ако му признаете на полицаецот дека сте пијан, ќе ви пише половина казна

Србија воведува нова мерка за растоварување на судовите. Доколку направите сообраќаен прекршок и му го признаете на полицаецот, тој ќе ви прости еден дел од казната. Така на пример, доколку во населени места возите над 20 километри нас час или пак на отворен пат, над 40 километри на нас над дозволеното, тогаш кога ќе ве запре полиција ќе можете да си ја признаете грешката и паричната казна значително ќе ви се намали.
Интересно е што можете да признаете и дека сте пијан. Кога полицаецот ќе ве праша, дали сте пиеле нешто, а вие почнете да му ги редите пијачките, можеби и ќе спасите половина казна, но само доколку по алкотестот, апаратот покаже дека имате помалку од 1,2 промили алкохол во крвта. Сигурно е дека во таква ситуација ќе си ја спасите дозволата, која инаку ќе ви ја одземеа на најмалку 6 месеци.
Признавањето нема да им помогне на оние кои ќе направат прекршоци за кои се предвидени фискни казни, како на пример, поминување на црвено светло. 

25.07.2014 - 11:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега