Куманово: Преминувал преку пругата со мотор - го удрил воз и загинал

 

Во железничка несреќа која се случи утрово, кај кумановско Романовце загина 43 годишниот И В. жител на село Романовце, соопштија од СВР Куманово.

Околу осум часот изутрината во мотоциклистот, кој поминувал на обележен премин на железничка пруга удрил патничкот воз кој сообраќаел на релација Табановце - Скопје, информира Валентина Николовска од СВР Куманово.

Лекарите од Итна помош Куманово само ја констатирале смртта кај 43-годишниот мотоциклист откако пристигнале на местото на несреќата.

- Екипата на итна помош излезе на терен веднаш по примениот повик од полицијата на пругата кај селото Романовце. На лице место беше констатирана смрт поради тешки телесни повреди кај починатиот мотоциклист, вели доктор Марјан Спирковски, началник на Итна помош Куманово.

Увидот на полицијата се уште трае

20.07.2014 - 11:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега