Ана Данева со две плати: На факултет ја плаќаат за да предава - во Собрание за да го бојкотира
Пратеничката и потпретседателка на СДСМ Ана Павловска Данева за две недели треба да реши, дали ќе остане пратеник во македонското Собрание или ќе предава на Правниот факултет. Анткиорупционерите донесоа одлука со која на Данева и се дава рок од 15 дена, доброволно да се откаже од една од функциите
- ПавловскаДанева не постапила по барањето поради што, во согласност со член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, ~ е изречена мерка јавна опомена - соопштуваат од Kомисијата.
Ана Павловска Данева во еден период имаше 3 работни места. Покрај пратеничката функција, таа предава на Правниот факултет во Скопје, а до пред неколку месеци беше и управител на приватна фирма. Интересно е што Ана Данева, заедно со сите пратеници на СДСМ, воопшто не доаѓа на работа во Собранието, а ја прима целата плата.