Автобус излета од патот кај Куршумлија - 32 лица повредени

Најмалку 32 лица се повредени утрово кога автобус од Подуево, кој сообраќал на релација Салцбург-Приштина, од засега непознати причини излетал од патот кај селото Рударе, во близина на Куршумлија, јави РТС.

Според првичните информации, ниту еден од патниците не е во животна опасност. Повредените се пренесени во здравствените домови во Прокупље и во Куршумлија, каде се утврдува степенот на нивните повреди.

Несреќата се случила во 7 часот.

Во автобусот се наоѓале 49 патници, а причините за несреќата се испитуваат.

19.07.2014 - 11:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега