Марјан Николовски: Јули

Јули е месец на одмори, а во Македонија како по правило и месец на глупости. А одморот, некако како најмногу да и беше потребен на опозицијата. Да одмори од сопствената гупост.

Ја поддржав иницијативата на универзитетската професорка, Тања Каракамишева Јованова, за преиспитување на уставноста на членот од изборниот законик, кој дефинира со видливо мастило да се обележуваат гласачите на избори. Ова е прв пат да го ставам мојот потпис позади некоја иницијатива. Обично не сум приврзаник на групи, бидејќи верувам во индивидуалноста на личноста и мислам дека изворот на енергијата е во индивидуата, а не во групите. Оваа иницијатива е на индивидуа, за која лично сметам дека е еден од најкомпетентните млади експерти од уставотворната тематика на правните науки, но сметам дека за нејзината индивидуална иницијатива е значајна и поддршката и од други индивидуи.

Ја поддржав, и од друга причина. Преиспитувањето на уставноста на оваа ступидна одредба ќе и овозможи на опозицијата да смисли ново, пооригинално решение, за да му даде некаков легитимитет на сопствениот сомнеж во правилото „еден гласач-еден глас”. Ако Уставниот суд ја укине оваа одредба, СДСМ сега слободно може да предложи на гласање да се сече прст. Да,  тоа е сигурна гаранција дека еден исти човек не ќе може да гласа двапати, со друга лична карта. Доаѓаш на гласање, те наоѓаат во изборачкиот список, ставаш потпис, земаш гласачко ливче и на крај со сатар ти го сечат палецот на десната рака. Ако немаш палец на десната, тогаш палецот на левата рака, ако немаш ни таков прст, тогаш показалецот и се така до малиот прст. За евентуално сечење на средниот прст, ќе има посебна законска одредба околу начинот на викање на соседните прсти. Кој нема прсти на двете раце, да му се исече раката до лактот. За да може гласачот да гласа на следните избори, пожелно е да не се сече целиот прст, туку по сантиметар од прстот. Така ќе имаме и сигурни избори и мирна опозиција и гласачи на број.

Јули беше месец и на ЗНМ и Насер Селмани. Се експонира и по којзнае кој пат ја потврди тезата дека ЗНМ е политичко лоби на опозицијата. Да бидам попрецизен, структурно-партиско друштво контра ВМРО-ДПМНЕ. Активно е кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, пасивно, во мечкин сон, кога СДСМ е на власт. За ЗНМ во македонското новинарство има проблеми само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, кога СДСМ е власт, тогаш новинарството е перфектно.

Но,  ајде по ред. На насилните протести против пресудата од случајот “Монструм”, беше приведено лице за кое ЗНМ и Селмани објавија дека е новинар, што може да и да е така… не велам не. Но, таму имаше најмалку стотина, што новинари, што сниматели, што фоторепортери. И од македонски и од албански и од турски, а ги имаше и од странски медиуми. И никој од нив не беше приведен, ниту пак имаше каков било проблем со полицијата, единствено тоа едно лице. Причина имало сигурно и за тоа никој не треба да има сомнеж. Но, да се вратиме на суштината. ЗНМ, односно мојот пријател Селмани, енергично застана во одбрана на тоа приведено лице, што на прв поглед и има логика. И јас така би играл. Но, кај е манипулацијата?

Тој и сопственикот на медиумот цела ноќ барале од МВР да им објасни зошто е приведен „наводниот новинар”. Тие барале одговор, МВР барала доказ дека станува збор на новинар. Како разговор меѓу глув и наглув. А, дечкото нема никаков доказ дека работи како новинар. Ниту новниарска легитимација, ниту пак каков било договор за заснован редовен или хонорарен работен однос со наведенот медиум. Но, Насер нема делима дека тој е новинар. Да и јас немам дилеми дека тој е новинар. Новинарската легитимација не го правела никој новинар. Да! Новинарската легитимаиција не прави никој новинар. Но едно е нашето лично мислење, а сосема друго е законската процедура. И јас сум убеден дека по испиени три ракии не сум пијан и можам да возам, ама алко апаратот покажува 0,7 промили.

За да биде појасно,  еве една хипотретичка ситуација. Тој исти новинар се обидува да влезе во, на пример холандската Амбасада или Амбасадата на САД во Скопје без таа новинарска легитимација. Онака на чесен збор, се претставува како новинар, да бара прием кај Амбасадорот. Потоа се обидува да ги фотографира објектите на амбасадите. И ако биде приведен од обезбедувањето на Амбасадата,  баш би сакал да видам како ќе изреагира ЗНМ и нејзиниот претседател. Веројатно исто… или пак не?

Чии интереси брани ЗНМ и Насер Селмани? Новинарските? Опозициските? Сопственичките? Кој од кого брани ЗНМ?

Пријателе… да ти дадам еден совет, без кавки било обврски. Но, онака како претседател на ЗНМ, наместо да дремеш пред полициска станица со сопственикот на медиумот, одма, ама под итно треба да му спакуваш една пријава до трудова инспекција на сопственикот на медиумот и да побараш државата да го санкционира без пардон. Одговорите треба да ги бараш од сопственикот на тој медиум, но и од сите други сопственици на медиуми. Како е можно и зошто на таков настан, од безбедносен ризик за новинарот, испратил некој кој никаде не е евидентиран, а ниту пак осигуран како новинар?  Наместо да го браниш сопственикот, одбрани го новинарот од несовесните “медиумски газди”. Да! Ова е втор ваков скандалозен случај во кој наместо новинарското достоинство се брани “сопственичкиот башибозук”. Кој заборавил, нека се потсети на случајот „Жабицата на Љубе и повредената новинарка”. И тогаш одговорноста се бараше од друг, наместо од сопственикот на медиумот, кој испратил на терен новинар без да ги има обезбедено елементарните новинарски услови за работа.

Но, од ЗНМ тоа е и за очекување. Мене ме изненадува и молкот на МАН и на Синдикатот на новинари за ваквата состојба. Иако можеби посочениот „новинар” не е член на МАН, но сепак реакција е неопходна заради посочување на виновникот. Заради суштината на проблемот.

Да бидам искрен, длабоко во себе имав дилема дали со Устав треба да се дефинира или не бракот. Иако во голем број држави тоа е уставно дефинирано, лично сметав дека законската дефиниција е сосема доволна, не заради друго, туку заради тоа што верувам во држави во кои законите дефинираат овозможување, а не забрана за нешто. Тоа е и суштината на слободата и демократијата. Мојот личен став е дека сексуалната ориентација е индивидуално право. И тоа секој може да го ужува до моментот додека не го загрозува правото на другите. Хомосексуалните бракови се загрозивање на правото на другите и затоа сум енегрично против нив. Но, не бев убеден дека тоа треба уставно да се дефинира. Да, не бев убеден, се до моментот додека не ме разубедија агресивните и нападни ставови на одредени лица, кои имаат серизно и поприлично големо влјание врз одлуките и на опозицијата, што пак остава сомнеж за можни скриени намери.Тие нивни ставови, кои деновиве се шират во јавност се сосема доволна причина да се најде механизам, прашањето за бракот да се дефинира колку што е можно појасно. Недефинираниот став и моклот на СДСМ остава сомнеж дека нешто можеби не е во ред. А, Македонија не смее да си го дозволи тој луксуз. Македонија не смее да ја стави на тест брачната заедница, доколку утре некому му падне на памет, заради политички придобивки, со 42 пратенички гласа, од корен да ја промени македонската традиција и државата да ја насочи во една самопогубна и самоуништувачка иднина.

Слободата на избор е право кое може и треба да се ужива во заедницата. Но, државата не може да стане заложник на правото на избор, бидејќи и некој друг има право на некој друг избор. Државата не е создадена за да опслужува егоистични желби на поединци, кои доколку не прераснат во општествен проблем, никој не им ги ограничува. Државата е рамка во која заедничкиот интерес е вредност број еден. А, заеднички интерес е бракот да биде иниституција на маж и жена. И никако поинаку. Не е тоа така, затоа што јас така сакам. Тоа е така затоа што така сака природата. Да сакала природата поинаку, тоа и ќе го создала. А, нема држава на светот, нема власт на светот, која со закон може да ја менува природата. Еднставно природата е и помоќна и посилна од која било власт и од која било држава.

Читам дека на бракот му било потребно редефинирање и модернизирање, затоа што така поставен, како заедница на маж и жена, бил „старомодно затуцан”.

Ако за вас бракот меѓу маж и жена е старомодно затуцан, за мене бракот меѓу маж и маж и жена и жена е геноцидно уништување на човечкиот род, иницирано од ѓаволската потреба за конечна победа на злото на оваа планета. Нема полесен пат до пеколот од патеката пополочена со егоистичните желби на поедците.

Има ли поголема перверзија, а јас во тоа читам и омраза, јавно да пропагирате дека брачна заедница меќу маж и жена бил „старомоден поглед на светот”? Знаете ли како ќе изгледа светот ако сите се прилагодат на „модерниот поглед на светот”. Ќе постои ли тогаш светот? Колкава е таа дрскост да некого го обвините дека е „затуцан”, „старомоден”, „необразован”, ако како маж љуби жена, или ако како жена љуби маж? Ја гледате ли длабоко внатре, омразата што заговарачите на правото на сексуално-слободна определба ја заговараат? Заговараат слобода, а шират омраза. Сакаат да создадат чувство на себевина кај сите оние кои не ги прифакаат „модерните светопогледи”. Што е следно? Јавно жигосување? Обележување? Ако ја видите омразата, што во обида да се одбрани правото на слободен избор на сексуалната опредлба ја шират, ќе Ви биде јасно зошто на бракот му е потребна уставна заштита.

Марјан НИКОЛОВСКИ - Новинар

Денешен

18.07.2014 - 14:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа