Еве колку слободни места има во студентските домови

Во претстојната 2014/2015 учебна година во студентските домови во земјава ќе можат да се сместат 5.956 студенти, се предвидува со објавениот конкурс за сместување студенти во државните студентски домови од страна на Министерството за образование и наука.

Студентите што се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на веб страницата на министерството. На оние лица што се пријавиле повеќе пати за валидна ќе им се смета последната пријава, пред доставувањето на потребните документи, пишува Дневник.

Рокот за електронското пријавување на студентите од втора година и повисоките години започна од вчера (16.07.2014) и ќе трае до 10.08.2014 година. За студентите од прва година, рокот за пријавување почнува од 19.08.2014 година и трае до 24.08.2014 година.

Од Министерството за образование и информираат дека доколку по објавувањето на конечните списоци со примени студенти по домови останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи се до нивно пополнување, но најдоцна до 22.09.2014 година.

Распределбата се врши на тој начин што 40 проценти од вкупниот број на расположливите места во домовите се за студенти за кои вкупните приходи во семејството се до минималната нето-плата, 25 отсто од вкупниот број на расположливите места во домовите се за студенти што постигнале особено висок успех во учењето, 20 отсто се обезбедуваат за студенти што првпат ќе бидат запишани во прв циклус на јавните и на приватните универзитети и на високообразовните установи во Република Македонија, пишува Дневник.

17.07.2014 - 10:34
Фото: 
факултети
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа