Арсенал и Реал постигнале договор за Кедира

 

Германскиот фудбалер , Сами Кедира, во наредните неколку дена се очекува да биде претставен како ново мега засилување на Арсенал, клуб кој денеска ги договорил сите детали со Реал Мадрид околу висината на отштетата на фудбалерот, пишуваат шпанските медиуми.

Медиумите пренесуваат дека двата клуба пронашле заеднички јазик за висината на трансферот (25 милиони евра), сума која „кралевите“ ќе ја пренасочат за ангажманот на Тони Крос кој до крајот на неделава се очекува да биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“.

Според последните информации, во овој момент се чека само на одговорот на самиот фудбалер, кој треба да одлучи дали ќе ја прифати понудата на Арсенал, или пак онаа од Челси, чиј тренер Жозе Мурињо на секој начин се обидува да му ја расипе забавата на искусниот Французин Арсен Венгер.

 
16.07.2014 - 18:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа