Добри вести: Се проширува патот до Бигорскиот манастир

Со средства  од Министерството за транспорт и врски во тек е надградбата и проширувањето на патот до Бигорскиот манастир.

Патот во должина од колу 1,5 километри изграден пред неколку децении, беше многу оштетен, со дупки, а на места и пропаѓаше. Сега ќе добие целосно нов асфалтен слој, се проширува и на неколку места ќе има и простор за паркирање. На овој начин ќе се овозможи полесен пристап не само за автомобили, туку и за комби и автобуси, вели игуменот на манастирот, анхимандрит Партениј.

Работите ги изведува градежното претпријатие „Илинден “ од Струга.

Со несмалена динамика се одвиваат и работите на возобновувањата на опожарениот дел од манастирот, на т.н. Горен палат.

Според отец Партениј, секојдневно, посебно за викендите, манастирот „Свети Јован Крстител“ го посетуваат со стотици верници, како и домашни и странски и туристи.

16.07.2014 - 18:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега