Еве кои 13 експерти му ја доделија Златната топка на Меси

 

Лавина од реакции пристигна откако ФИФА го прогласи Лионел Меси за најдобар фудбалер на Светското првенство во Бразил.

Освен на светските медиуми ваквата одлука за доделување на Златната топка на Меси не му беше јасна ниту на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер кој изјави:

-„Да бидам дипломат или да ви ја кажам вистината. Слушнете, и јас бев изненаден кога видов како Меси доаѓа да ја прими наградата за најдобар фудбалер на Светското првенство“.

До овој Мундијал добитникот на Златната топка заедно го избираа новинарите акредитирани за следење на СП и техничкиот комитет, но на ова СП во последен момент беше донесена одлука новинарите да не учествуваат во гласањето.

Тринаесетте експерти кои му ја доделија наградата на Лионел Меси се: Жерар Улие (Франција), Хинес Мелендез (Шпанија), Габриел Калдерон (Аргентина), Раул Ариас (Мексико), Рики Херберт (Нов Зеланд), Абдел Хусеин (Судан), Ка Минг (Хонг Конг), Ион Лупеску (Романија), Цунејасу Мијамото (Јапонија), Сандеј Олисех (Нигерија), Мику Пателаинен (Финска), Џејми Родригез (Ел Салвадор) и Теодор Витмор (Јамајка).

16.07.2014 - 16:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа