Груевски бара попис - Ахмети молчи

Премиерот Никола Груевски уште пред два месеци му доставил писмен предлог на коалициониот партнер Али Ахмети, лидерот на ДУИ за спроведување попис, пишува весникот „Дневник“, наведувајќи дека се уште нема никаков одговор од албанската владејачка партија.

Весникот наведува дена од ВМРО-ДПМНЕ побарал од одговор за две форми на спроведување попис, односно за административно пребројување на населението, како и за теренска проверка за неколку прашања. Во предлогот се наведува дека статистичката операција би се спровела за две години.

Од ДУИ за Дневник велат дека пописотв во моментов не им е приоритет, поради што партијата нема изгр5аден став.

Вицепремиерот Муса Џафери своевремено изјави дека ДУИ нема ништо против административен попис, но оти смета дека не треба да се оптоварува со евиденција на граѓаните што влегле или излегле од државата.

„Дневник“ наведува дека за административен попис е неопходно соодветно софтверско решение кое би ги поврзало со податоци од сите државни регистри и на тој начин би се дошло до бројки како за време на теренски попис. Весникот наведува дека и за вториот предлог е потребно софтверско решение, но заоваа операција ќе се извршува во комбинација со теренски попис.

16.07.2014 - 14:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега