Инспекторите на терен, се чешлаат поголемите супермаркети
Сите институции се излезени на терен, и се наоѓаат во сите поголеми супермаркети, ова денеска го изјави на новинарско прашање премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во однос на тоа дали инспекторите излегле на терен поради високите цени во маркетите.
Да,иИзлегоа сите инситуции на терен, повќе информации би имал во понеделник, но би можел да кажам се наоѓаме буквлно во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа. Повеќе информации со јавноста ќе можам да споделам од понеделник, но можам да кажам дел од она што бевме загрижени, односно нашите стравувања стануваат вистина и реалност, така што делуваме и ќе продолжиме да делуваме, рече Мицкоски.
Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните, но истовремено да не ја нарушиме пазарната економија вели премиерот.
-Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните, но истовремено да не ја нарушиме пазарната економија, пазарните правила и така натаму. Мислам дека во овие моменти треба сите заедно да работиме да излеземе како победници од целата оваа оваа ситуација, и мислам дека ќе излеземе како победници, истакна претседателот на владата Христијан МИцкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа