Даниел од „Авалон“ сам стигнал до болница но лекарите не можеле да го спасат

По информацијата за  ненадејната смрт на еден од сопствениците на „Авалон продукција“, Даниел Милошевски, во јавноста се појавија разни верзии за причините и местото на неговата прерана смрт.

Вистина.мк ја пренесува информацијата добиена од „Авалон продукција“ дека Даниел вчеравечер враќајќи се од својот вообичаен „Крос Фит“ тренинг на пат кон дома почувствувал тегоби и здравствени потешкотии. И покрај тоа успел некако да стигне до поликлиниката „Јане Сандански“, каде здравствената состојба драматично му се влошила и сите обиди да се реанимира биле неуспешни, по што Милошевски починал, најверојатно од срцев удар.

Посмртните останки на Даниел Милошевски ќе бидат изложени утре во 13.00 часот во капелата на Градските гробишта Бутел во Скопје , а погребот ќе биде во 14.00 часот.

16.07.2014 - 13:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега