Добив други понуди но останувам во Баерн
Холандскиот репрезентативец Арјен Робен истакна дека Луј ван Гал го повикал во Манчестер Јунајтед, но тој сепак ќе остане во Баерн Минхен.
-Имаме посебен однос уште кога беше во Баерн. Тој е најважнот тренер во мојата кариера. Ми кажа дека се уште има место за мене во Јунајтед. Тоа не е опција, останувам во Баерн, истакна Робен.
На ова Светско првенство во Бразил, Холандија заврши како трета со победа над домаќинот од 3:0, а Робен вели дека тоа е убав начин да е заврши Мундијалот, со победа.
13.07.2014 - 12:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа