Избрани главните актери за продолжението на Зона Замфирова

 

По повод продолжението на филмот Зона Замфирова ,чие снимање ќе започне наскоро изведена и претставата Врати се Зоне, сите љубови на југот, по која е откриено и името на главната актерка која ја доби улогата на убавата Зона.

 

Некое време се дискутираше за тоа која млада актерка да ја добие улогата Тамара Драгичевиќ, Ивана Поповиќ или Марија Бергам, сепак одлуката падна на младата Бранкица Себастијановиќ. Бранкица на публиката и е позната од серијата Самец во бракот и филмот Кога љубовта ќе задоцни.

Ликот на Мане ќе го толкува Милан Васиќ кој го знаеме од серијата Бела лаѓа и Певај, брате.

Во продолжението на приказната за Зоне и Мане ќе видиме како главните актери се снаоѓаат во војната и како Зоне пати, бидејќи и две години по свадбата не може да има детенце, но и како се чувствува поради прозивките на малограѓанската средина.

 

 

 

13.07.2014 - 11:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега