Ван Перси го подари бронзениот медал на навивач
Изминатата вечер Холандија успеа да го надигра Бразил во натпреварот за третото место, а тоа го говори и конечниот резултат кој гласи 3:0 избраниците на Луј Ван Гал.
„Лалињата“ сосема сериозно го сфатија овој предизвик, па така со головите на Робин Ван Перси, Блинд и Вајналдум го обезбедија бронзениот медал. Но очигледно тие воошто не го ценат бронзениот медал за што говори изјавата на Робен кој потенцираше дека третото место нема никакво значење за него, но уште повпечатлив потег направи Робин Ван Перси кој веднаш по доделувањето на одличјата го подари својот медал на еден од холандските навивачи. Во секој случај, гест за респект.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа