Екс љубовник - сегашен мачител: Претепана гостиварчанка се обрати во полиција

Нов случај на семејно насилство во Гостивар. 34 годишна гостиварчанка синоќа околу полноќ го пријавила својот поранешен партнер за насилство, јавува тетовската телевизија Кис.

Според гостиварчанката, поранешното момче ја пресретнало во близина на нејзината куќа. Насилникот и побарал пари, а откако го одбила почнал да ја навредува и да ја удира со тупаници по главата и телото. Откако ја претепал, насилникот избегал од местото на инцидентот. Девојката заработила видливи повреди на лицето. 

Според статистиката, на подрачјето на Гостивар во првите шест месеци од 2014 години, дури четири жртви на семејно насилство побарале кривичен прогон за нивниот мачител. Изготвени се и четири барања за поведување прекршочна постапка, а во триесетина случаи биле поднесени само поплаки.

12.07.2014 - 11:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега