Јолевски изрази сочувство до семејствата на загинатите

„Дозволете да изразам длабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на полицијата, во вчерашната трагична хеликоптерска несреќа. Нашите мисли и нашите молитви се со вас. Ова е исклучително тежок период кој ќе го пребродиме само доколку сме сите заедно, сплотени во едно“.

Ова стои во писмото на сочувството што министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски го упати до семејствата на починатите припадници на полицијата при вчерашната хеликоптерска несреќа близу Струмица.

Воедно, министерот Јолевски вчера имаше и телефонски разговор со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, при што беше посочено дека Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се целосно подготвени да ги стават своите капацитети на располагање на полициските служби и вештаци, во целосно разрешување на случајот и утврдување на причините за оваа голема несреќа.

 

11.07.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега