Вака постапуваат вистинските лидери - Орбан го донесе најбруталниот закон против странските банки!
Банките во Унгарија имаат 90 дена на секој корисник на кредит во швајцарски франци да им ги врати парите кои, според проценката на унгарските власти, е заработен на разликата во курсот и зголемените каматни стапки, откако вредноста на швајцарската франка се зголемила во минатите години на криза.
Ваквата обврска произлегува од законот кој во петокот е усвоен во унгарскиот парламент и кој е еден од најрбруталните закони против странските банки во една од земјите во средна и источна Европа.
Како што јавува весникот Financial Times, deonice Erste grupe, австриските банки кои оперираат во Унгарија веднаш паднаа за 15% откако се покажало дека таа банка поради новиот унгарски закон би можела да изгуби дури и до 1,6 милијарди евра.
Вицегувернерот на Унгарската централна банка Адам Балог проценува дека вкупниот трошок за сите банки ќе биде меѓу 2 до 3 милијарди евра пишува FT.
Oсвен Erste банката, тој закон се однесува и на унгарската OTP банка, австриската Raiffeisen банка, италијанската Banca Intesa. Стотина илјади Унгарци подигнувале до 2009 година кредити во швајцарски франци, но во кризата, унгарската форинта изгубила околу 60% од вредноста во однос на швајцарската франка.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан од доаѓањето на власт во 2010 година, најави дека ќе ги присили банките да ја вратат на Унгарците разликата настаната од турбуленциите во курсот на франките, а во петок тоа и формално го реализираше.
Банките имаат 90 дена да ги вратат парите, но прво имаат 30 дена секој поединечен случај да го дадат пред суд. Тоа можат да го направат ако сметаат дека клиентот во моментот на склучување на договорот за кредит бил јасно информиран за условите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа