Девојка од Чешка ќе роди петорка зачната по природен пат

 

23-годишната  Александра Кињова од чешкото место Миловице во близина на Прага, наскоро треба да ја роди првата петорка зачната по природен пат, јави дописникот на МИА.

Сега, младите родители, кои веќе имаат еден син покрај радоста имаат и грижи како ќе обезбедат средства за своето големо семејство.

- Кога го дознав тоа, плачев, тоа беше голема новина за мене, не можев да поверувам, вели идната мајка.

Според актуелните прописи, на Кињова не и следува парична помош од државата освен родителски додаток за само едно дете и негувателка која ќе и помага додека петорката не наполни четири години.

Според ултразвукот, засега се знае дека од петте бебиња едно е девојче и две се момчиња, но идните родители за секој случај веќе имаат смислено седум имиња.

 

најчитано сега