Зошто СДСМ не ги осуди насилните протести, а партиските мегафони подгреваат тензии?

Најголемата опозициска партија веќе четири дена молчи за насилните протести кои следеа по пресудата за сличајот „Монструм“, пишува Курир.

Додека партиските мегафони на СДСМ секојдневно провоцираат инциденти и тензии, протестите кои деновиве ја тресат Македонија остануваат без никаква осуда од социјалдемократите. Од редовите на партијата изгледа не гледаат потреба да се произнесат и да пратат порака за осуда на инцидентите во кои беше каменувана зградата на Судот, беше нападната полицијата брутално и физички и беа изрекувани недолични пароли.

Опозициската СДСМ молчи и за националистичката реторика која беше користена во медиумите на албански јазик и навредувачките пораки кои беа испраќани на сметка на Македонија. 

Од друга страна, партиските мегафони на СДСМ, како поранешната новинарка на А1 телевизија, Билјана Секуловска, во текст објавен на НОВА тв со наслов „Гешковска, оди си дома“ жестоко ја напаѓа обвинителката која храбро се соочи со убијците од Смилковското Езеро..

На Секуловска и се приклучи и Мирјана Најчевска. Таа напиша:

-Судските одлуки се коментираат. Судиите и јавните обвинители се повикуваат на одговорност. Судиите и јавните обвинители одговараат за сторени прекршувања на законот. Судиите и јавните обвинители кои го прекршиле законот седат во затвор. Долго!

Овој став на Најчевска кој претставува закана до обвинителката која се соочи со суровите терористи кои ги убија петтемина рибари кај Смилковци, им се допаѓа на Ѓунер Исмаил, поранешен министер за култура и портпарол во една од владите на СДСМ, Магдалена Нестороска- кандидат за пратеник и советник во Општина Карпош од СДСМ, како и Африм Гаши- човекот кој повикуваше на протести за отстранување на споменикот на Цар Душан во Скопје.

И додека поддржувачите на опозицијата само провоцираат инциденти и тензии, СДСМ молчи и не излегува со осуда за насилните протести кои следуваа по пресудата за „Монструм“.

08.07.2014 - 14:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега