МВР среќава секакви: Работел како наставник со лажна диплома

37 годишниот К.М. си заработи кривична пријава бидејќи со фалсификувана диплома се вработил во основното училиште „Хасан Тасими“ во селото Седларево.

Според информациите од полицијата, во текот на 2012 година од Факултетот по природни науки при Универзитетот во Тирана обезбедил диплома, која подоцна ја фалсификувал. К.М. ја доставил лажната диплома до Министерствтото за образование и наука, добил решение за високо образовна квалификација и се вработил како наставник.

Полицијата дознала, направила проверка и потврдила дека дипломата на К.М. е фалсификувана.

 

08.07.2014 - 13:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега