Конференција „Систематската економска криза:тековни прашања и перспективи“
Денеска ќе се одржи 9. Меѓународна конференција на Асоцијацијата на универзитети на Југоисточна Европа (АСЕКУ) на тема „Системската економска криза: Тековни прашања и перспектива“. Конференцијата е во организација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Свои трудови ќе претстават 50-ина истакнати професори од реномирани универзитети од Македонија, Австрија, Албанија, Бугарија, Грција, Полска, Романија, Србија, Турција, Украина, Холандија, Хрватска и Црна Гора.
АСЕКУ е меѓународна асоцијација во која членуваат 48 истакнати универзитети од Југоисточна Европа и од црноморскиот слив, со седиште во Солун, Грција. Економскиот факултет-Скопје е членка на АСЕКУ од ноември 1996 година.