ДУИ: Гневот на демонстрантите за „Монструм“ не е насочен кон нас

ДУИ не смета дека револтот на Албанците кои деновиве демонстрираат низ Македонија е насочен кон нив, пишува Дневник. 

ДУИ, пишува весникот, не прифаќа никаква одговорност за случувањата и сметаат дека демонстрантите кои гневот го насочуваат кон нив, се всушност мала група која сака да ќари политички поени или лична корист,

- Нема револт против ДУИ. Kаменувањата на општинската зграда и седиштето во Чаир беа од мала група која има политичка агендa. И во Тетово беше исто. Повеќето од граѓаните кои масовно излегоа на протестот, се разотидоа кога видоа дека една група тргна кон нашето седиште во Мала Речица. Тие 50-60 демонстранти кои атакуваат на ДУИ се всушност тие кои ги прават инцидентите и насилствата. Секоја друга агенда освен таа да им се помогне на семејствата е погрешна, вели висок функционер на ДУИ за Дневник.

Функционерот потврдил дека Ахмети, шефот на кабинетот Артан Груби и други функционери се среќаваат со семејствата на осудените и им сугерираат преку „правни методи и институционално да ја истуркаат правдата“, но и да им укажат дека имаат право на мирни протести. Ги упатуваат правдата да ја бараат на Апелација, Врховен суд и доколку е потребно и во судот во Стразбур, пишува Дневник.

-Од ДУИ велат дека за политичката ситуација во земјава по пресудата за „Монструм“ и протестите, Ахмети ќе разговара со повеќе амбасадори. Тој вчера попладне се сретна со Волерс, денеска треба да се сретне со евроамбасадорот Аиво Орав, а најавени се и средби со францускиот амбасадор. 

08.07.2014 - 09:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега