Адеми се сретна со австрискиот амбасадор во Македонија

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска се сретна со амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија Томас Михаел Бајер и со координаторот за образование и култура при австриската амбасада Матијас Форхер Маер.

Како што соопшти МОН, на средбата се дискутираше за соработката меѓу двете држави во областа на образованието и науката, при што беше изразена заемна подготвеност за нејзино продлабочување и зацврстување.

Презентирајќи ги тековните и планираните проекти во областа на образованието и науката, министерот Адеми посебно се осврна на високото образование и изрази потреба од поголемо интензивирање на соработката помеѓу државните универзитети во двете земји преку мобилност на професори и студенти.

Амбасадорот Бајер се осврна на неколку досега реализирани проекти врз основа на договорот за соработка во областа на образованието и културата помеѓу двете земји, меѓу кои и објавувањето на биографијата на проектантот на австриските железници, инженерот со албанско потекло Карл Гега, која беше промовирана на Државниот универзитет во Тетово.

Бајер на новоименуваниот министер за образование и наука му посака успех во работата, а воедно ја изрази и подготвеноста на Владата на Република Австрија за продолжување на соработката во областа на образованието и науката.

07.07.2014 - 16:22
Фото: 
а1.он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега