Го раниле со пушка - младо момче од Тетово итно пренесено во болница

Крвава пресметка се случила вчера во 17 часот и 30 минути во селото Брвеница во Тетово. Според податоците од полицијата, додека  додека 18-годишниот  К.М. од Струмицасе движел во овоштарник, забележал три малолетни лица, од кои едното во раката држело воздушна пушка со која во еден момент испукало проектил кон него.

Со куршумот бесниот малолетник го повредил младото момче во пределот на десната плешка, по што избегал од местото на настанот. К.М. бил итно пренесен во болница, а сега е пуштен на домашно лекување.

05.07.2014 - 13:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега