Протести за Монструм: Крвави полицајци и солзавец

Илјадници етнички Албанци, главно млади лица се судрија со полицијата пред скопскиот Кривичен суд. Репортерот на Press24 од терен јавува дека демонстрантите дивееле пред судот и со огромни камења фрлале врз полицајците и ги кршеле дрвата пред судската зграда. Според неофицијални информации има повредени полициски службеници кои се на лице место за да го обезбедуваат протестот. Полицијата за да ги стави нередите под контрола користи солзавец. Полициските службеници, очигледно одлично подготвени за оваа ситуација ги потиснаа демонстрантите кон Бит Пазар. Ситацијата е тензична но полицијата ја држи под контрола. Демонстрантите извикуваат „Алах Акбар“ и „УЧК“ и носат албански знамиња и знамиња со исмаски обележја.

04.07.2014 - 14:07
Фото: 
Република
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа