Шакира ќе го затвори и овој Мундијал

 

Последниот натпревар на Светското првенство во Бразил што ќе се одигра на 13 јули на Маракана ќем го затвори колумбиската пејачка Шакира, најави ФИФА.

Таа е сопруга на шпанскиот репрезентативец Жерар Пике, но голем обожавател на младата аргентинска ѕвезда Џејмс Родригез, кој досега има постигнато најмногу голови на Мундијалот во Бразил.

Пејачката ќе ја изведе песната „La La La (Brasil 2014)“.

„Воодушевена сум што добив можност да ја изведам мојата песна „La La La (Brasil 2014)“ на затворањето на Светското првенство. Од различни причини сум врзана со фудбалот и сфаќам колку многу им значи на луѓето“, вели Шакира.

03.07.2014 - 18:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега