Спијте голи и бидете посреќни

 

На последната анкета направена во Велика Британија околу 57 отсто од испитаниците изјавиле дека спијат без ниту едно парче облека на себе и дека се многу среќни во своите врски наспроти 48 отсто од оние кои спијат во пижами или некоја друга облека.

Анкетата ја направи Cotton USA на 1.004 Британци.

- Постојат голем број фактори кои влијаат на успехот на врската. Но има еден на кој не му даваме значење, а тоа е опкружување во спалната соба.

Спиењето без облека во креветот или само во долна облека може да ја зголеми чувствителноста на вашата кожа и ви дава отвореност и интимност меѓу двојките, што води до зголемување на среќата – изјави Стефани Тиерс Ратклиф од Котон УСА.

Истражувањето откри како манирите на партнерот исто така влијаат на среќата во врската.

На половина луѓе им пречи ако партнерот јаде во кревет, 59 отсто не поднесува валкана долна облека на подот, а 23 отсто не го сака тоа што партнерот носи чорапи во кревет.

03.07.2014 - 16:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега