Внимавајте: Фервекс се повлекува од пазарот - лекот е микробиолошки загаден

Фервекс се повлекува од македонскиот пазар поради појава на микробиолошко загадување, јавува Здравство24. Препаратот за грип и настинка ќе биде отстранет од аптеките поради загадување на одредени серии од Македонија и сите соседни пазари.

Дистрибутер во Македонија за фервекс е веледрогеријата Промедика која добила известување од производителот да ја повлече целата количина од веледрогериите и аптеките кад ее веќе дистрибуиран. Фервекс е присутен на пазарот 10-тина години. Тоа е препарат за грип и настинка кој е во групата на лекови без рецепт. Пациентите сами ги купуваат од аптека и е лесно достапен. Го има во форма за деца и за возрасни.

Иако микробиолошкото загадување во мали количини било само кај два лота, производителот ги повлекува сите серии од производот додека не завршат сите испитувања.

најчитано сега