Веќе видено- опозицијата во немоќ организира трибина со партиски експерти

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку нерелевантни експерти кои сака да ги прикаже како независни организира трибина на која ќе се говори за тоа што било потребно да се направи и како до повторно освојување на слободата.

Токму вака е насловена трибината која ќе се одржи утре во хотелот „Александар палас“ во Скопје, организирана од здружената опозиција, а на која се очекува учество да земат истите оние експерти кои изминативе години отворено ги бранат политиките на опозицијата.

Иако најголемата опозициска партија ваквите трибини во јавноста сака да ги прикаже како нешто ново, сепак слични вакви трибини на кои говорат истите докажани експерти блиски до СДСМ, изминативе години беа организирани многупати и тие не наидоа на голем интерес кај јавноста.

Овие трибини најчесто беа организирани во ГЕМ клубот и на истите учество зедоа дежурните жестоки критичари на власта кои отворено ги бранат политикате на СДСМ и опозицијата како Љубомир Фрчкоски, Бранко Героски, Ѓунер Исмаил, Едмонд Адеми, Никола Гелевски, Жарко Трајаноски, а на дел од нив не беше исклучено присуството и на првиот човек на Фондацијата Отворено Општество Македонија – Сорос, Владимир Милчин.

Токму овие лица, од кои дел се и истите оние “докажани“ експерти кои  за време на “отпорот“ на Бранко Црвенковски се качуваа на фамозната „Лада нива“ и држеа говори, сега се очекува да бидат и дел од трибината организирана од здружената опозиција .

Со сето ова, паѓаат во вода најавите од опозицијата дека на трибината ќе продефилирале голем број на независни интелектуалци и НВО активисти, бидејќи очигледно ќе говорат истите оние партиски луѓе кои редовно ја критикуваат власта.

Ваквите трибини, познавачите ги коментираат како “парада во немоќ“ на опозицијата да се спротивстави со конкретни мерки кои ќе бидат во корист на граѓаните, па се организираат дебати со нерелевантни експерти чии ставови и се веќе добро познати на јавноста, без кредибилитет и далеку од независни.

 

 

02.07.2014 - 20:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега