Следува бран отпуштања во текстилните компании низ Македонија

Драстично се намалени нарачките за македонската текстилна индустрија, од 1,3 милиони на 423.000, поради што состојбата во секторот станува алармантна. Компаниите најавуваат масовни отпуштања веќе идниот месец зашто едноставно, велат, нема работа.

- Во јуни веројатно ќе бидат отпуштени 1000 до 2000 вработени. Ова се првични најави, од само две до три фирми. Колкава ќе биде вкупната бројка допрва ќе видиме, рече Маријана Перковска, претседател на Кластерот за текстил.

Текстилците се пожалија и на немањето доволно стручни кадри, како и на застарена технологија што, напоменаа, се одразува врз профитот и платите. Тие бараат итна интервенција од надлежните со цел намалување на трендот на опаѓање на производството. 

- Чудно е како македонската текстилна индустрија може да извезува, а не може да реализира пласман дома, истакна Владо Нетков од Кластерот.

ФОТО: НоваМакедонија

 

најчитано сега