Цел ден пиел па си го избодел пријателот со нож
Уште еден хорор ја потресе Србија. 49-годишниот Младен С. е уапсен под сомнение дека си го убил најверниот пријател Стојан С. откако цел ден пиел.
- Двајцата во понеделникот пиеја заедно цел ден. Потоа продолжија кај пријател. Никој не знае кој е мотивот за кавгата која го однесе 44-годишниот маж во смрт, велат извори за српскиот Ало.
Откако започнале расправија, Младен земал нож и со него два пати го прободел најверниот пријател, кој за жал починал на лице место.
02.07.2014 - 10:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа