Да си сама не значи дека си осамена!

Ајде да погледнеме на разделбата и од друга гледна точка, времето додека сте сами може да ви даде големи шанси за личен духовен развој и за придобивање на ново животно искуство.

Ако се научите да уживате во животот, живеејќи сама, вие еден ден повторно ќе се одлучите за нова врска. Но не затоа што ви е тешко и зошто сте осамена. Тоа ќе биде вашиот слободен избор.

Тогаш можеби ќе можете да кажете „Потребен си ми зошто те сакам“ а не „Те сакам зошто си ми потребен“.  За жал животот како самец за мнозина станува црна дупка, од која сакате што побрзо да излезете. И во резултат – необмислени решенија, случајни врски, кои најчесто не носат ни утеха ни среќа. Други пак се затвараат сами во болката.

Вистинската самостојност се состои во тоа да се научите со се да се справувате сама, а не секогаш да има некој до вас и да ви служи како подкрепа. Единствена поткрепа во твојот живот си самата ти! Осаменоста не е причина за љубов, осаменоста е болест која се лечи со самодоверба и самостојност

Извор: Боза 

01.07.2014 - 20:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега