Светската банка одобри 100 милиони долари кредит за БиХ

СБ потврди испалта на 100 милиони долари за проектот итна обнова на земјата од поплавите.

- Цел на проектот е покривање на итни потреби и обнова на функционалност на инфраструктурата, како и економско заздравување во погодените подрачја, се истакнува во соопштението од СБ.  

Покрај тој проект, СБ е активна и на неколку други полиња со цел давање на сеопфатен пакет поддршка за БиХ во обновата на земјата.

Потпретседателката на СБ за Европа и Централна Азија, Лора Так прецизираше дека во проектот е вклучено и финансирање на увоз на гориво и електрична енегија, како и обнова на локалната инфраструктура

01.07.2014 - 20:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега