Велешани претепале полицајци кои им рекле да ја намалат музиката
Велешаните A.K (19), С.Л (23) Н.Л(19), Ж.З (19) и С.М (18) си заработија кривични пријави, откако во неделата се збеснале и нападнале полициски службеници.
Ноќта во неделата, додека петмината велешани биле на забава во кафуле во трговскиот центар во Велес, станарите во околните згради пријавиле дека им пречи гласната музика. Полицијата веднаш интервенирала, но, полицајците ги дочекало вистинско изненадување. Наместо да ја намалат музиката, велешаните се збеснале и ги нападнале полициските службеници. По кратката драма, на лице место пристигнале уште неколу полициски службениици кои поомогнале при приведувањето на велешаните.
Тројца од полицајците кои интервенирале во кафулето си заработиле телесни повреди.