ВНИМАВАЈТЕ: Сообраќајот кон граничниот премин Богородица е во прекин
Во прекин е сообраќајот кон граничниот премин Богородица по страшната несреќа која утрово се случила на патот на 3 километри пред границата. Како што веќе објави Press24 една жена загина во страотна сообраќајка а уште едно лице е повредено.
По судирот со цистерната полицијата врши увид на местото на настанот, поради што, сообраќајот е блокиран а автомобилите се пренасчуваат преку селото Богородица.
30.06.2014 - 10:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа