Кумановчанец паднал од скеле додека работел

Работник од Куманово паднал од скеле додека работел и се здобил со потешки повреди.

Според информациите на МВР, се работи за 44-годишниот А.Х. од Куманово кој вчера паднал додека работел на објект околу 13 часот попладне.

Поради сериозноста на повредите е задржан на Скопските клиники.