Eден од најдобрите играчи на покер во Европа пронајден мртов во Словенија
Телото на еден од најдобрите играчи на покер во Европа, Германецот Јоханес Штрасман беше пронајдено во реката Љубљаница, Словенија.
На телото на Штрасман има траги од насилство, јавија денеска словенечките медиуми.
Телото на 29-годишниот Штрасман беше извадено од река во петокот, а по саботната аутопсија утврден е идентитетот на Германецот. Тој последен пат бил виден на 21 јуни.
Штрасман во Љубљана имал средба со други играчи на покер, кои ги обучувал.
29.06.2014 - 15:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа