Бомба тешка половина тон пронајдена во Сараево

При градежни работи во сараевската населба Бољаков Поток, пронајдена е неексплодирана авионска бомба тешка половина тон, соопшти в.д. директорот на Федералната управа за цивилна заштита на Босна и Херцеговина, Фахрудин Солак.

- Веројатно се работи за бомба која останала уште од времето на Втората светска војна. Тоа е бомба со голема разорна моќ. Ги преземавме сите мерки за да го заштитмен населението, нагласи Солак.

Тој информира дека локацијата околку бомба е оградена и дека експлозиваната направа се подготвува за транспорт на безбедна локација.

Солак најави дека е можно пред поместувањето на бомбата да биде спроведена и евакуација на населението што живее близу локацијата на која се наоѓа експлозивната направа.

29.06.2014 - 14:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега