ЕУ направи инвалид од БиХ- збесна Изетбеговиќ

Сегашниот претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ ја обвини меѓународната заедница, а пред се ЕУ, дека од БиХ напрвиле „инвалид во лудачка кошула“.

- Тоа го направи меѓунаросната заедница, Европејците. Прво поради воведеното ембарго, кога тоа што не правеа ништо и не помага, го покриваа со исраќање хуманитарна помош за да си ја исчистат совеста, а потоа уследи Дејтон со што е инвалидизиран државниот апарт во БиХ, оцени Изетбеговиќ.  

Тој истака дека ЕУ постајано вели оти вратите за прием на БиХ се отворени, но дека и натаму ја држи земјата надвор од интеграциските процеси.

- Инвалидот во чие сакатење учествуваа и тие, сега го држат надвор. Нека не пуштат во собата. Нека го пуштат инвалидот да седне. Да седне заедно со нив, па да почнеме со преговори, порача Изетбеговиќ.

Според него, ЕУ треба да го почитува она што ја претставува Босна и Херцеговима, она „што е нејзин дух, што е нејзина супстанца“. 

Изтебеговиќ ја обвини меѓународната заедница дека дозволила за време на Војната во БиХ во 90-те години на минатиот век да биде „растурено и разорено мултиетничко ткиво“ на земјата.

- Тоа се случи пред нивни очи. Затоа тие имаат долг кон нас, нагласи Изтебеговиќ, на прес-конференција на која беше промовирана идејата на француксиот филозоф Бернар-Анри Леви за собирање еден милион потписи на петицијата за итно отпочнување преговори за членство на БиХ во ЕУ.

29.06.2014 - 13:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега