ВИДЕО: Уругвај на колена пред Колумбија

 

Колумбија е вториот четвртфиналист на Светското првенство откако доцна синоќа го победи Уругвај со 2:0 со головите на Џејмс Родригез.

Двојниот стрелец за Колумбија погоди во 28 и 50.минута и со овие два гола има вкупно пет на Мундијалот и е водечки стрелец.

Уругвајците настапија ослабени без казнетиот Луис Суарез, а неговата замена Диего Форлан како да го немаше на теренот, па во 53.минута беше повлечен од игра.

Пласманот меѓу осумте најдобри е најголем успех за Колумбијците на светските шампионати.

Во четвртфиналето противник на Колумбија ќе биде домаќинот Бразил кој вчеравечер по изведување пенали беше поуспешен од Чиле. 

29.06.2014 - 11:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега