Стевчо Јакимовски вечерва ја промовира новата партија ГРОМ
Стевчо Јакимовски попладнево во 19 часот во Александар Палас ќе ја промовира својата нова партија Граѓанска опција за Македонија или скратено ГРОМ.
Според информациите кои веќе ги објавивме, во партијата се најавуваат истакнати личности од македонското општество но и многу незадоволни членови на СДСМ. Според последните информации, најмалку 500 членови на СДСМ во Капош, утре ќе се откажат од сините членски книшки и ќе и пристапат на партијата на Јакимовски.
Стевчо Јакимовски беше првиот политичар кој му кажа „не“ на Бранко Црвенковски. Тој се кандидираше на локалните избори и покрај одлуката на СДСМ која беше актуелна во тој момент, соочувањето со граѓаните да се бојкотира. По ова, Јакимовски ескпресно беше исклучен од СДСМ, а според нашите извори, од тогаш до денес, од најголемата опозициска партија се исклучени најмалку стотици членови на СДСМ Карпош, токму поради блискоста со него.
Освен Јакимовски, нова партија најавува и исклучениот социјалдемократ Владо Бучковски. Тој за Press24 рече дека со Јакимовски имаат компатибилни програми од кои во иднина може да произлезе коалција.