Што ќе се случува денеска во скопската Зоолошка градина?

 

Детскиот „ЗОО Фест 2014“ кој веќе седум саботи се одржува во скопската Зоолошка градина, денеска ќе ги има своето последно издание со што ќе го заокружи првиот серијал од фестивалот. 

Фестивалот е наменет за најмладите и вклучува забавна музичка програма со децата од фестивалот „Поточиња“, учење нови модерни танци со танцовиот клуб „Сонриса“ и едукација за животните во едукативното катче на „Се за роденден“.

Денеска во скопската Зоолшка дечињата ќе ги забавува Влатко Лозаноски. Минатите седум саботи во Зоолошката градина настапија Панчо и Андреј ДНК, Симона Попоска и Дарко Илиевски.

Вториот серијал на фестивалот стартува во септември и ќе трае се до средина на октомври. 

28.06.2014 - 11:30
Фото: 
skopje.gov.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа