Во Сараево се одбележува 100 годишнината од атентатот врз војводата Фердинанд

Во Сараево со повеќе манифестации ќе биде одбележана стогодишнината од атентатот на австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд.

На 28 јуни 1914 година Гаврило Принцип, Србин од Босна го уби Франц Фердинанд во Сараево. Атентатот беше повод Австроунгарија да ја нападне Србија, со што почнува Првата светска војна.

Принцип, и уште неколку членови на политичко-револуционерната младинска организација „Млада Босна“, изврши атентат врз Франц Фердинанд, при што загина и неговата сопруга Софија Хотек.

Претседателот на Австрија, Хајнц Фишер денеска ќе присуствува на концерт на Виенската филхармонија во Сараево. Фишер претстојува во Сараево на покана на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изедбеговиќ и градоначалникот на Сараево, Иво Комшиќ.

- Сакам овој ден да го одбележиме заедно, како ден на мирот, посочи Фишер пред посетата.

Во присуство на претставници на Републкика Српска и на Србија денеска и во Вишеград, во рамките на Андриќград, ќе биде одбележана стогодишнината од атентатот во Сараево и почетокот на Првата светска војна

28.06.2014 - 10:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега