Откриена голема измама со телевизиски игри и емисии во Србија
Во Србија е откриена голема измама со телевизиски игри на среќа за која се осомничени околу 18 лица.
Имено, се работи за криминална група која организирала игри на среќа и астролошки емисии и ги лажела граѓаните дека преку нив можат да заработат голема сума на пари.
Игрите биле емитувани од јануари 2009 година па се до 2012 година. Граѓаните требало да испратат СМС порака или да се јават на телефонските броеви со тарифа од 2 евра за минута, а биле оставани долго да чекаат за да биде подолг разговорот и повеќе да платат.
Ниеден од јавувачите не добил награда, а целта била самите членови на криминалната банда да се јават и да ја добијат наградата.
ФОТО: Зазабава